Други спортови Останато

Тур де Франс: Погачар ги збриша сите на Алп д’Уез и го сруши рекордот!

Тадеј Погачар уште еднаш покажа зошто многумина го сметаат за најдобар велосипедист на сите времиња. Словенечкиот ас приреди невиден спектакл на култниот превој Алп д’Уез, победувајќи на суровата 19-та етапа од Тур де Франс откако надомести дури три минути заостанување во последните 12 километри.

Водечката тројка Ричард Карапаз, Лени Мартинез и Сеп Кус имаше сигурна предност пред последниот страшен искачувачки предизвик. Сепак, актуелниот шампион влезе во неверојатен ритам и буквално ги „прелета“ ривалите на само еден километар пред целта. Погачар го сруши рекордот на Алп д’Уез со време од 35 минути и 26 секунди, докажувајќи ја својата апсолутна доминација откако претходно на оваа трка го собори рекордот и на Турмале.

Со оваа петта етапна победа годинава, Погачар ја зголеми предноста во генералниот пласман пред Ремко Евенепул на дури седум минути и 11 секунди. Словенечкиот феномен го направи овој подвиг речиси сам, со оглед на тоа што неговиот тим УАЕ беше десеткуван поради вируси и повреди. Сè е подготвено 27-годишниот велосипедист по петти пат во кариерата да го освои трофејот во Париз.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.