Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Тунис во центарот на вниманието по позитивни допинг наоди кај осум играчи!

Настапот на Тунис на Светското првенство доби нова, непријатна димензија, откако осум репрезентативци биле позитивни на допинг тестирањето спроведено за време на турнирот. Според информациите објавени од британскиот „Дејли Мејл“, кај фудбалерите биле пронајдени траги од кленбутерол, супстанца што се наоѓа на листата на забранети средства. Дел од играчите настапуваат и во англиски клубови, кои веќе биле известени за резултатите од тестирањето.

Првичните сознанија на истражните органи укажуваат дека не станува збор за намерно користење допинг, туку за можна контаминација преку храна консумирана за време на престојот на репрезентацијата во Мексико. Токму поради тоа, во овој момент не се најавуваат дисциплински мерки против фудбалерите. Кленбутеролот во одредени земји се користи во сточарството како средство за поттикнување на растот на добитокот, а во минатото повеќе спортисти биле позитивни поради консумирање месо кое ја содржело оваа супстанца. Случајот сега е предмет на дополнителна проверка од надлежните институции.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.