Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Тухел задоволен само од пласманот: Не бевме брзи, имавме среќа против Норвешка

Селекторот на Англија, Томас Тухел, изјави дека не е задоволен од играта, туку само од пласманот во полуфиналето. Англија ја елиминираше Норвешка со 2:1 по продолженија на стадионот во Мајами.

„Сами си ја закомпликувавме работата со многу тактички грешки и невнимание на теренот“, истакна германскиот стратег.

Тој додаде дека тимот не играл доволно брзо ниту конзистентно, па на крајот имале и среќа. Норвешка поведе преку Шјелдеруп, но Џуд Белингем донесе триумф со два погодоци во судиското надополнување и во продолжението.

Тухел нагласи дека проблемот воопшто не бил во менталитетот, туку во самиот квалитет на прикажаната игра. Според него, репрезентацијата мора сериозно да го подигне нивото за следниот голем предизвик на шампионатот. Германецот упати и големи пофалби до двојниот стрелец Белингем, нарекувајќи го играч од светска класа.

Младиот фудбалер скромно изјави дека овој тежок триумф е резултат на огромниот напор на целиот тим. Во полуфиналето на Мундијалот, Англија ќе ги одмери силите против бранителот на титулата, селекцијата на Аргентина.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.