Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Тухел откри како со говор во соблекувалната ги натера Англичаните да ја прегазат Хрватска

Селекторот на Англија, Томас Тухел, ги откри деталите од полувремето кои го „свртеа” натпреварот против Хрватска (4:2) во корист на неговиот тим. Откако првиот дел заврши со нерешени 2:2, германскиот стратег побарал од своите избраници да се ослободат од притисокот, да бидат храбри и агресивни на теренот.

„Штом примивме гол, им порачав да се смират. Им кажав дека моето мислење за нив нема да се промени без разлика на исходот, но дека барам да играме на наш начин, интензивно, напаѓачки и тимски“, изјави Тухел.

Тој додаде дека неговиот говор бил краток и смирен со цел да им ја тргне нервозата на играчите, што вроди со плод во доминантното второ полувреме. Германскиот менаџер ги смири фановите и околу Деклан Рајс, кој беше заменет поради болки во грбот, нагласувајќи дека потегот бил само мерка на претпазливост и дека играчот од средниот ред се чувствува добро.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.