Селекторот на англиската фудбалска репрезентација, Томас Тухел, го соопшти официјалниот список од 26 фудбалери за претстојното Светско првенство. Овој голем планетарен шампионат во следниот период ќе се одржи во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико. Германскиот стратег претходно разговарал со сите играчи, по што информациите за неговите радикални одлуки веднаш протекоа во јавноста.
Најголемо изненадување претставува отсуството на Кол Палмер, младата ѕвезда на Челси, чија пазарна вредност изнесува 110 милиони евра. На Мундијалот нема да патува ниту Фил Фоден од Манчестер Сити, по нешто поскромната сезона во домашниот шампионат. Покрај нив, без место во авионот останаа и Трент Александер-Арнолд, Лук Шо и искусниот Хари Мегваер.
Во националниот тим сепак се повикани докажани имиња како Џордан Пикфорд, Џон Стоунс, Деклан Рајс и младиот Џуд Белингам. Нападот на „трите лава“ ќе биде предводен од Хари Кејн, Иван Тони, Букајо Сака и Маркус Рашфорд. Селекторот Тухел најави дека детално ќе ги образложи своите избори на прес-конференција на први јуни.
Голмани: Џордан Пикфорд (Евертон), Дин Хендерсон (Кристал Палас), Џејмс Трафорд (Манчестер Сити)
Одбрана: Езри Конса (Астон Вила), Џон Стоунс (Манчестер Сити), Марк Гуехи (Манчестер Сити), Рис Џејмс (Челзи), Нико О’Рајли (Манчестер Сити), Џед Спенс (Тотенхем), Тино Ливраменто (Њукасл)
Среден ред: Деклан Рајс (Арсенал), Елиот Андерсон (Нотингем Форест), Коби Мејну (Манчестер Јунајтед), Морган Роџерс (Астон Вила), Џуд Белингам (Реал Мадрид), Џордан Хендерсон (Брентфорд)
Напаѓачи: Хари Кејн (Баерн), Иван Тони (Ал Ахли), Букајо Сака (Арсенал), Маркус Рашфорд (Барселона), Ентони Гордон (Њукасл), Нони Мадуеке (Арсенал), Еберечи Езе (Арсенал), Оле Воткинс (Астон Вила)
Репрезентацијата на Англија го отвора овој Мундијал со исклучително тежок натпревар против селекцијата на Хрватска на 17 јуни. Во рамките на групната фаза, англиските фудбалери ќе ги одмерат своите сили уште и против националните тимови на Гана и Панама.
It’s official. Your #ThreeLions players heading to the @FIFAWorldCup! 🏆 pic.twitter.com/lqsDBYSP4X
— England (@England) May 22, 2026

