Селекторот на Англија, Томас Тухел, го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за претстојните натпревари во Лигата на нации, а меѓу повиканите се најдоа Трент Александер-Арнолд и Кол Палмер. Десниот бек на Реал Мадрид се враќа во репрезентацијата за првпат по јуни 2025 година, додека Палмер повторно е дел од националниот тим откако не беше во составот за Светското првенство.
Тухел направи осум промени во однос на последниот список. Нови повици добија и 18-годишниот крилен напаѓач на Ливерпул, Рио Нгумоха, како и играчот за врска на Борнмут, Алекс Скот. Во составот повторно се и Џарад Брантвајт, Луис Хол, Доминик Калверт-Луин и Мајлс Луис-Скели.
На списокот повторно го нема Фил Фоден, а изоставени се и Морган Гибс-Вајт и Адам Вортон. Од фудбалерите кои беа дел од составот за Светското првенство, овојпат нема место за Оли Воткинс, Иван Тони и Нони Мадуеке. Поради повреди отсуствуваат и Рис Џејмс, Џон Стоунс, Џед Спенс, Ден Барн, Џордан Хендерсон, Бен Вајт и Дин Хендерсон.
Во составот е и Коби Мајну, кој беше дел од тимот на Мундијалот, но не доби минутажа…
Голмани: Џордан Пикфорд (Евертон), Џејсон Стил (Брајтон), Џејмс Трафорд (Лидс)
Одбрана: Трент Александер-Арнолд (Реал Мадрид), Џарад Брантвајт (Евертон), Трево Чалоба (Комо), Марк Гехи (Манчестер Сити), Луис Хол (Њукасл), Езри Конса (Арсенал), Тино Ливраменто (Њукасл), Нико О’Рајли (Манчестер Сити), Џарел Кванса (Баер Леверкузен)
Среден ред: Елиот Андерсон (Манчестер Сити), Џуд Белингам (Реал Мадрид), Мајлс Луис-Скели (Арсенал), Коби Мајну (Манчестер Јунајтед), Кол Палмер (Челзи), Деклан Рајс (Арсенал), Алекс Скот (Борнмут)
Напад: Доминик Калверт-Луин (Лидс), Еберечи Езе (Арсенал), Ентони Гордон (Барселона), Хари Кејн (Баерн Минхен), Рио Нгумоха (Ливерпул), Маркус Рашфорд (Манчестер Јунајтед), Морган Роџерс (Челзи), Букајо Сака (Арсенал)

