Во пресрет на претстојното Светско првенство, селекторот на англиската репрезентација, Томас Тухел, реши максимално да го намали притисокот врз својот тим и јавно да ја префрли фаворитската улога кај јужноамериканските гиганти. Иако „Гордиот Албион“ на претстојниот Мундијал пристигнува со епитетот на актуелен европски вицешампион, германскиот стратег смета дека неговата селекција никако не може да биде во потесниот круг за симнување на Аргентина од тронот. Како главен аргумент за ваквиот став, Тухел го посочи фактот дека Англија предолго чека на највредниот трофеј, уште од далечната 1966 година, поради што предност мора да им се даде на докажаните победници на големите турнири.
Германскиот стручњак реално ги согледува работите и смета дека примарна цел на Англичаните мора да биде пласманот во четвртфиналето, пред воопшто да почнат да сонуваат за големото финале. Според неговите анализи, патот до завршницата во Северна Америка ќе биде пеколно тежок, бидејќи евентуалното прво место во групата ги носи на натпревар во Мексико Сити на огромна надморска височина, а подоцна би морале да се средтнат со Шпанија, Франција или актуелниот првак. Токму поради специфичните услови, екстремните горештини и терените во САД, Тухел смета дека Аргентина и Бразил се во огромна предност пред европските селекции.
"I strongly believe we are there, but I strongly believe we are not the favourites because of history."
Thomas Tuchel discusses England chances of winning the World Cup 🏆 pic.twitter.com/cZMOrDvVeR
— Sky Sports News (@SkySportsNews) June 9, 2026

