Меѓународен фудбал Фудбал

Трофеј за старт на сезоната, Баерн Минхен го совлада Дортмунд!

Новата сезона во Германија започна со трофеј за Баерн Минхен. Баварците го совладаа тимот на Борусија Дортмунд со 2-1 на „Сигнал Идуна Парк“ и го освоија Суперкупот на Германија, која од оваа година го носи името на легендарниот Франц Бекенбауер. Баерн одигра одлично прво полувреме и заслужено стекна предност од два гола. Натаниел Браун го отвори резултатот во 28. минута, а во судиското продолжение од првиот дел Мајкл Олисе погоди за 2-0.

Дортмунд во второто полувреме заигра далеку поагресивно и успеа да ја врати неизвесноста. Фабио Силва во 75. минута намали на 1-2, по што домаќините тргнаа во целосна офанзива. Во финишот ситуацијата дополнително се искомплицира за Дортмунд. Рами Бенсебајни во 90. минута доби директен црвен картон, но и со играч помалку „милионерите“ добија огромна шанса за израмнување.

Максимилијан Баер, сепак, не успеа да ја искористи шансата во судиското продолжение, па Баерн го задржа водството и стигна до првиот трофеј во сезоната. За баварскиот гигант ова е 12. Суперкуп на Германија во клупската историја, со што сезоната под водство на Винсент Компани започнува на најдобар можен начин.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.