Други спортови

Трките во Катар и Абу Даби под закана, војната ја загрозува завршницата на сезоната

Ескалацијата на воениот конфликт на Блискиот Исток создава сериозна неизвесност во светскиот спорт. Под знак прашалник се дел од големите настани до крајот на 2026 година, меѓу кои и трките во Формула 1 и Мото ГП во Катар и Абу Даби. Прва на удар е Големата награда на Катар во Мото ГП, планирана за 8 ноември. Трката на патеката „Лусаил“ може да има значајна улога во борбата за титулата, но евентуалното откажување би донело промени во завршницата на шампионатот.

Неизвесност постои и во Формула 1, каде што Катар треба да биде домаќин на трката на 29 ноември, а сезоната да заврши во Абу Даби на 6 декември. Како можна алтернатива се споменува Имола, но евентуалната промена би донела сериозни логистички и финансиски предизвици. Загриженост изразија и водечките возачи. Марк Маркез порача дека животот е поважен од трките, додека Макс Ферстапен истакна дека не треба да се вози во регион зафатен од војна.

Последиците би можеле да ги почувствуваат и други спортови. Се разгледуваат алтернативни сценарија за релито Дакар, а тенискиот турнир „Шест кралеви“ во Саудиска Арабија е поместен за крајот на декември. Конечните одлуки ќе зависат од развојот на безбедносната ситуација, а наредните недели би можеле да бидат клучни за судбината на спортските настани планирани до крајот на годината.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.