Елена Рибакина е само на три чекори од моментот за кој сонува секој тенисер, да стане прва на ВТА листата. Казахстанката обезбеди пласман во третото коло на УС Опен, а доколку стигне до полуфиналето, ќе го преземе врвот без оглед на резултатите на актуелната лидерка Арина Сабаленка.
Рибакина во второто коло без поголеми проблеми ја совлада Шпанката Џесика Бусас со 6:2, 6:4. Следна противничка ќе ѝ биде Украинката Јулија Стародубцева, 58-ма на ВТА листата, од која неодамна загуби на Ролан Гарос. Патот до врвот, сепак, нема да биде лесен. Доколку ја мине Стародубцева, Рибакина во осминафиналето би можела да се сретне со Наоми Осака, додека потенцијална противничка во четвртфиналето е Ига Швјонтек. Во полуфиналето може да ја очекува Коко Гоф или Мира Андреева, а во финалето е можна пресметка со Сабаленка.
Покрај Рибакина, за првото место сè уште се борат и Џесика Пегула и Коко Гоф, но нивната судбина во голема мера зависи од тоа до каде ќе стигне Казахстанката. Сабаленка, пак, денеска во третото коло ќе игра против Русинката Камилла Рахимова. Во меѓувреме, Гоф обезбеди место во третата рунда по победата над Паола Бадоса со 6:4, 7:6(5), а таму ќе се соочи со Кристина Букса.
Elena Rybakina excels into Round 3! pic.twitter.com/k1r1JIORbN
— US Open Tennis (@usopen) September 4, 2026

