Меѓународен фудбал Фудбал

Три големи пресметки за место во Лигата на шампионите!

Вечерва стартува последната фаза од квалификациите за пласман во Лигата на шампионите, со три интересни пресметки кои ќе дадат дел од одговорите околу составот на елитното натпреварување.

Левски, кој по 16 години повторно ќе игра во плејофот за пласман во Лигата на шампионите. Бугарскиот шампион ќе го пречека грчкиот првак АЕК, во дуел кој започнува од 21:00 часот.

Фенербахче ќе го пречека Лион во една атрактивна пресметка. Турскиот вицешампион веќе ги елиминира Горник од Полска и Штурм Грац од Австрија, додека францускиот тим беше подобар од Спарта Прага од Чешка.

Третиот натпревар носи дуел меѓу Динамо Загреб и Викинг на „Максимир“. Хрватскиот шампион претходно ги елиминира Тун и Кауно Жалгирис, додека норвешкиот претставник директно се вклучува во плејофот.

Сите три натпревари се играат од 21:00 часот, а реваншите се закажани за следната недела. Победниците од овие двомечи ќе направат последен чекор кон главната фаза од Лигата на шампионите.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.