Македонски фудбал Фудбал

Три гола и промашен пенал, Шкендија сигурно ја почна новата сезона (ФОТО)

Шкендија на најдобар можен начин ја започна новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, откако како домаќин на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ во Скопје убедливо го совлада Скопје со 3-0 во натпреварот од првото коло. Тетовци од самиот почеток ја презедоа иницијативата и по неколкуте пропуштени можности, заслужено поведоа во 17. минута. По една мешаница во шеснаесетникот, Фахд Нзенге најдобро се снајде и ја испрати топката зад грбот на Наумовски за водство од 1-0.

Во второто полувреме избраниците на Артим Положани продолжија со офанзивната игра и во 66. минута ја удвоија предноста преку Фабрис Тамба, чиј удар со многу среќа заврши во мрежата. Само девет минути подоцна Рафа Силва стави точка на натпреварот со прецизен удар за конечни 3-0. Шкендија можеше да стигне и до поубедлив триумф, но Бесарт Ибраими во судиското надополнување не успеа да реализира пенал, откако неговиот удар го одбрани голманот Кристијан Наумовски.

Со сигурна и доминантна игра, актуелниот шампион испрати јасна порака дека и оваа сезона ќе биде еден од главните фаворити во битката за титулата.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.