Македонски фудбал Меѓународен фудбал Фудбал

Тренерот на Рига: Македонските фудбалери се опасни ако им оставите простор!

Вардар утревечер од 20:00 часот на Националната арена „Тодор Проески“ ќе ја пречека летонска Рига во првиот натпревар од второто квалификациско коло во Конференциската лига. Пред дуелот, тренерот на гостите Адриан Гула порача дека неговиот тим максимално го анализирал македонскиот претставник и дека очекува тежок предизвик во Скопје.

Гула истакна дека во Рига се задоволни што продолжуваат во европските натпреварувања и нагласи дека амбицијата на клубот е да стигне до групната фаза. Според него, не е важно на кој стадион ќе се игра, туку неговиот тим да го прикаже посакуваното ниво на игра.

Тој откри дека стручниот штаб детално го проучувал Вардар, анализирајќи ги последните европски и првенствени натпревари, како и стилот на игра на тренерот. Гула додаде дека добро го познава македонскиот фудбал и менталитетот на домашните играчи, а посебно го издвои Вардар како голем клуб, нагласувајќи дека неговата екипа е мотивирана да го даде својот максимум во Скопје.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.