Меѓународен фудбал Фудбал

Требаше да го наследам Сер Алекс Фергусон во Јунајтед!

Жозе Мурињо конечно ја разјасни една од најголемите фудбалски мистерии, потврдувајќи дека во 2013 година требало директно да го наследи Сер Алекс Фергусон на клупата на Манчестер Јунајтед. Во новиот документарен филм на „Нетфликс“, Португалецот откри дека по заминувањето од Реал Мадрид сè било договорено со легендарниот Шкотланѓанец, но во последен момент сепак пресекол да се врати во Челзи.

Приказната ја потврди и самиот Фергусон, кој откри дека Мурињо првично ја прифатил понудата, но по неколку часа му се јавил плачејќи бидејќи веќе му дал збор на раководството на Челси и не сакал да го прекрши ветувањето. Мурињо призна дека за него било драматично што ја пропуштил таквата историска шанса, но одлуката ја донел водејќи се од срцето.

Иако тогаш се врати на „Стемфорд Бриџ“ и ја освои Премиер лигата, Португалецот сепак пристигна на „Олд Трафорд“ три години подоцна. Во својот мандат со Манчестер Јунајтед ги освои Лигата на Европа, ФА Купот и Комјунити Шилд, со што и понатаму важи за еден од најуспешните менаџери на клубот во ерата по Фергусон.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.