Меѓународен фудбал Фудбал

Трамп застана во одбрана на Инфантино: Неговата смена би била ужасна грешка!

Претседателот на САД, Доналд Трамп, отворено му даде поддршка на првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, чија позиција е сериозно затресена по контроверзниот план за вклучување на приватни инвеститори во комерцијалното работење на Светското првенство. Трамп преку социјалните мрежи порача дека евентуалната смена на Инфантино би била катастрофален потег со несакани последици за светската фудбалска куќа.

„ФИФА би направила ужасна грешка доколку од која било причина разгледува замена за Џани Инфантино“, истакна Трамп, оценувајќи дека тој завршил фантастична работа на челото на организацијата. Сепак, притисокот врз претседателот на ФИФА сè повеќе расте одвнатре. УЕФА, Азиската фудбалска конфедерација (АФЦ) и КОНКАКАФ веќе одржаа првични состаноци на кои ги разгледуваат чекорите за негово можно повлекување пред следните избори.

Големиот раздор настана по предлогот за формирање посебна компанија која би управувала со сите комерцијални и оперативни работи на турнирите на ФИФА, при што околу 20 проценти од сопственичкиот удел би им се продале на приватни инвеститори. Иако Инфантино јавно се извини за овој потег, трите конфедерации побараа независна ревизија и предупредија дека управувањето со светскиот фудбал не смее да се третира како приватна сопственост.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.