Шпанскиот фудбал е завиен во црно по трагичната вест за смртта на напаѓачот на Тенерифе, Хесус де Мигел. Фудбалерот им подлегна на тешките повреди добиени за време на натпреварот против Андора, кои беа последица на застрашувачки судир со противничкиот голман Хесус Овоно.
Веднаш по кобниот удар, де Мигел претрпел кардиореспираторен арест и изгубил свест уште на самиот терен. Со возило на итна медицинска помош тој експресно беше пренесен во универзитетската болница „Нуестра Сењора де Канделарија“, каде што лекарите се бореа за неговиот живот, но за жал, не успеаја да ја спречат најтрагичната разврска.
Загубата на Хесус де Мигел е тежок удар за неговото семејство, соиграчите, клубот Тенерифе и целокупната спортска јавност во Шпанија, која со денови во неизвесност ги очекуваше вестите за неговата здравствена состојба.
🔵⚪️ | Golpe fortísimo de Owono sobre Jesús de Miguel que hace que salten todas las alarmas. 🇪🇸👀
🙏🏼 Pronta recuperación a Jesús y que todo quede en un susto
🏟️ Tenerife – Andorra https://t.co/NXopIJ7p9H
— Laliga News (@laligaa_neews) November 2, 2026

