Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Трагедија на улиците во Еквадор за време на Мундијалот! (ВИДЕО)

Фудбалска вечер во Еквадор се претвори во трагедија откако вооружени напаѓачи отворија оган врз група навивачи кои на јавно место го следеле натпреварот меѓу Еквадор и Курасао. Инцидентот се случил во градот Ибара, каде што едно лице го загубило животот, а уште шестмина биле повредени. Според првичните информации од истрагата, цел на нападот бил конкретен човек кој се наоѓал меѓу присутните, но во престрелката настрадале и други лица.

Полицијата брзо реагирала и привела еден од осомничените, додека по вториот напаѓач сè уште се трага. Надлежните веруваат дека станува збор за пресметка поврзана со криминални структури, а истрагата за случајот е во тек.Настанот предизвика шок во јавноста и повторно го отвори прашањето за безбедноста во земјата.

 

 

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.