Меѓународен фудбал Фудбал

Трабзонспор се „намерачи” на Гвардиола!

Трабзонспор очигледно нема намера да застане со големите амбиции. Откако турскиот клуб ова лето направи огромен трансфер со ангажманот на Мохамед Салах, од Турција пристигнуваат информации за уште посензационален план – доведување на Пеп Гвардиола на тренерската позиција. Според турските медиуми, Трабзонспор наводно веќе стапил во контакт со шпанскиот стратег и сериозно ја разгледува можноста Гвардиола да го преземе тимот.

Уште поневеројатно звучи информацијата дека на еден од најтрофејните тренери во модерниот фудбал му била понудена годишна плата од неверојатни 13 милиони евра. Доколку навистина дојде до реализација на ваков договор, тоа би било едно од најголемите тренерски засилувања во историјата на турскиот фудбал.

Трабзонспор има јасна цел – да ја прекине доминацијата на Галатасарај, кој е во поход кон петта последователна шампионска титула. Клубот сака да создаде тим способен сериозно да се вмеша во борбата за врвот, а Салах е само првиот голем дел од амбициозниот проект. Египетскиот напаѓач веднаш покажа дека неговото доаѓање не е само маркетиншки потег. Во првите три натпревари во турската Суперлига постигна четири гола и запиша една асистенција. Сепак, одличниот индивидуален учинок на Салах не беше доволен за Трабзонспор да избегне проблеми на стартот од сезоната.

Турскиот клуб доживеа тежок дебакл во квалификациите за Лигата на Европа, каде што Ференцварош го елиминираше со вкупни 5-0. По неуспехот оставка поднесе Фатих Теке. Првично неговата оставка беше одбиена, но по новиот пораз од Амедспор со 2-1 дојде до конечна разделба. Одговорот на Трабзонспор сепак беше убедлив. Во првиот натпревар без Теке, тимот го декласира Генчлербирлиги со 5-0, а меѓу стрелците повторно се запиша и Салах. Токму комбинацијата Салах–Гвардиола би била проект кој би предизвикал огромно внимание во фудбалскиот свет.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.