Меѓународен фудбал Фудбал

Трабзонспор фаќа ритам: Салах диригираше, Генчлербирлиги декласиран со „петарда“

Трабзонспор ја фаќа посакуваната форма по почетните осцилации во сезоната, откако на гостувањето кај Генчлербирлиги оствари речиси совршена победа од 5:0 во рамките од четвртото коло на турската Суперлига.

Прво име на теренот беше Мохамед Салах, кој го потврди статусот на лидер во екипата со гол, асистенција и комплетна диктација на темпото. Брзиот старт донесе водство уште во 5. минута преку Пол Онуачу, по што Египќанецот беше прецизен од белата точка за 2:0. Веќе во 22. минута Онуачу со својот втор погодок го нокаутираше домаќинот и ги реши сите дилеми околу победникот.

Доминацијата на гостите продолжи и во вториот дел, каде што Салах му асистираше на Ернест Мучи за 4:0 во 59. минута, а точка на овој блескав настап стави Франкулино во 78. минута од средбата.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.