Меѓународен фудбал Фудбал

Тотенхем тргнува по „недопирливиот“ Коди Гакпо

Лондонски Тотенхем не планира да застане со засилувањата ова лето. По веќе потрошените 267 милиони евра на пазарот, клубот интензивно бара ново крило, а како примарна желба во фокусот пристигна холандскиот репрезентативец Коди Гакпо од Ливерпул.

Иако Гакпо важеше за недопирлив на „Енфилд“ дури и по заминувањето на Арне Слот и пристигнувањето на Андони Ираола, понудата од Лондон би можела да ја промени ситуацијата. Раководството на Ливерпул наводно веќе размислува која цена да му ја постави на офанзивецот пред да ги започне официјалните преговори.

Тотенхем зад себе веќе има импресивен преоден рок во кој ги доведе Сандро Тонали, Матеус Фернандес и Жан-Пол ван Хеке, додека Маркос Сенеси и Енди Робертсон пристигнаа како слободни играчи. Доколку Ливерпул сепак одбие да го продаде Гакпо, Тотенхем ќе ја активира резервната опција и по третпат ќе се обиде да го доведе Савињо од Манчестер Сити.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.