Неуспешен старт во Премиер Лигата за италијанскиот стратег Де Зерби, на клупата на Тотенхем. Италијанецот дојде да го спаси бродот кој тоне кон Чемпионшип, но се чини дека го чека ѓаволски тешка работа. Денес неговите избраници претрпеа нов пораз на гостувањето кај Сандерленд. Домашната екипа славеше со 1:0, со голот на Мукиеле во 61-та минута. Екипата од северен Лондон се уште нема победа во Премиер Лигата во 2026 година и се наоѓа на 18 позиција, во зоната за испаѓање.
Нотингем Форест и Астон Вила одгиграа без победник. Гостите поведоа во 23-та минута, со автоголот на Муриљо, а Нотингем израмни 15 минути подоцна, преку Вилијамс во 38-та минута. Кристал Палас на домашен терен, со двата гола на Матета дојде до пресврт и славеше победа против Њукасл со 2:1. Единствениот гол за гостите го постигна Осула во првиот дел.

