Меѓународен фудбал Фудбал

Тотенхем пропушти зицер за опстанок, Лидс однесе бод од Лондон

Фудбалерите на Тотенхем не успеаја целосно да го искористат киксот на Вест Хем, откако пред своите навивачи одиграа само 1:1 против екипата на Лидс во 36. коло од Премиер лигата. Тимот предводен од Роберто Де Зерби дојде до посакуваното водство во 50-тата минута преку Матис Тел, но не успеа да ја задржи предноста и да ги освои клучните три бода за мирен финиш на сезоната. Казната стигна во 74-тата минута кога Доминик Калверт-Луин беше прецизен од белата точка, оставајќи ги домаќините со горчлив вкус по пропуштената голема шанса.

Иако лондончани беа подобар противник и ја контролираа играта, ова реми значи дека борбата за опстанок останува целосно отворена. Тотенхем сè уште ја држи судбината во свои раце со два бода предност пред „чекичарите“, но во последните две кола влегува под огромен притисок каде секоја грешка може да биде кобна.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести