Меѓународен фудбал Фудбал

Тотенхем подготвува офанзива за Савињо!

Тотенхем го продолжува активниот летен преоден рок и тргнува по потписот на крилниот напаѓач Савињо. Бразилецот веќе побара трансфер од Манчестер Сити бидејќи посакува поголема минутажа.

Контактите меѓу клубовите се веќе воспоставени. Савињо има желба да работи со менаџерот Роберто Де Зерби, па одлуката сега е на раководствата.

Манчестер Сити бара околу 70 милиони евра за бразилското крило. Од друга страна, лондонскиот клуб нуди максимум 60 милиони евра заедно со сите бонуси.

Савињо изминатата сезона одигра 21 натпревар, постигна еден гол и забележа десет асистенции. Сепак, со доаѓањето на новите засилувања во нападот, тој падна во втор план.

Тотенхем е еден од најактивните тимови на пазарот ова лето. Клубот веќе ги ангажираше Сандро Тонали, Матеуш Фернандес, Јан Пол ван Хеке, Маркос Сенеси, Енди Робертсон и Мартин Дубравка.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.