Меѓународен фудбал Фудбал

Тотенхем подготвува голема реконструкција, Де Зерби добива целосна поддршка!

По сезоната во која едвај избегна испаѓање од Премиер лигата, Тотенхем подготвува сериозни промени во играчкиот кадар. Раководството на клубот е решено да не ги повтори грешките од минатото и планира значително да го засили тимот пред новата сезона.

Новиот менаџер Роберто Де Зерби ќе има клучна улога во креирањето на составот, а според англиските медиуми, клубот размислува за неколку звучни засилувања. Меѓу посакуваните имиња се споменува и Сандро Тонали, додека неколку актуелни фудбалери би можеле да го напуштат Лондон.

Тотенхем веќе го реализираше трансферот на Јан Пол ван Хеке, дефанзивец кого Де Зерби добро го познава од деновите во Брајтон. Во клубот веруваат дека токму ваквите потези ќе помогнат во создавањето поконкурентен тим кој ќе може да се бори за многу повисок пласман во сезоната што следува.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.