Аргентинскиот дефанзивец Маркос Сенеси е новото големо засилување за Тотенхем, откако лондонскиот клуб успеа да ја добие битката со Ливерпул и Манчестер Јунајтед. Стоперот на Борнмут по завршувањето на оваа сезона станува слободен играч, а неговите одлични партии ги натераа најголемите англиски клубови да тргнат по неговиот потпис. Сенеси сепак го одбра Лондон и ќе потпише тригодишна соработка која ќе го задржи во клубот до 2029 година.
Ангажманот на Аргентинецот бил договорен уште порано, но под еден услов, Тотенхем да обезбеди опстанок во елитата. Екипата предводена од Роберто Де Зерби дури во последното коло успеа да се спаси од испаѓање, со што официјално се активираше преддоговорот со Сенеси.
Зад Сенеси е една од најдобрите сезони во кариерата, во која одигра 37 мечеви во Премиер лигата, запиша пет асистенции и му помогна на Борнмут да избори историски пласман во Лига Европа. Неговото доаѓање е само почеток на најавениот ремонт на одбраната на Тотенхем, која минатата сезона беше катастрофална.

