Меѓународен фудбал Фудбал

Тотенхем не застанува: Ван Хеке доаѓа од Брајтон за 60 милиони!

Тотенхем ја активираше првата голема трансфер бомба ова лето и ги договори сите детали за ангажманот на одличниот дефанзивец на Брајтон, Жан Пол ван Хеке. Лондонскиот клуб се согласи да плати фиксни 60 милиони евра без дополнителни бонуси, со што Холанѓанецот ќе стане најскапо платениот дефанзивец во историјата на Тотенхем. Менаџерот Роберто де Зерби инсистираше на овој трансфер бидејќи одлично соработуваше со него на југот на Англија, а со неговото доаѓање Тотенхем се осигурува од можен дефанзивен колапс, со оглед на тоа што Кристијан Ромеро и Мики ван де Вен се на мета на најбогатите европски клубови.

Брајтон веднаш се обиде да реагира и испрати понуда од 40 милиони евра за да го доведе младиот хрватски талент Лука Вушковиќ како директна замена, но Тотенхем експресно ја одби таа опција. Со оваа голема зделка Брајтон уште еднаш го потврди статусот на најдобра фабрика за пари на Островот, додека Тотенхем по успешно завршената работа во одбраната веднаш се свртува кон следната мета на Де Зерби, Италијанецот Сандро Тонали, за кого Њукасл бара дури 100 милиони евра.

Предходно Тотенхем ги обезбеди потписите на уште двајца искусни дефанзивци од Премиер Лигата, Марко Сенеси кој дојде како слободен играч од Борнмут и Енди Робертсон од Ливерпул, исто така како слободен играч.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.