Меѓународен фудбал Фудбал

Тотенхем конечно победи, Вилсон е херојот на Вест Хем

Тотенхем конечно дојде до победа во Премиер Лигата во 2026 година и ги израдува своите навивачи. На гостувањето против испаднатиот Вулвс, играчите на Тотенхем дојдоа до минимална победа од 0:1, со голот на Палиња во 82-та минута. Иако конечно дојде до победа, Тотенхем сепак останува во зоната за испаѓање.

Вест Хем и Евертон одгиграа неизвесен натпревар, во кој на крајот домаќинот Вест Хем, кој се бори за опстанок дојде до победата и многу битни три бода. Првиот дел пројде во изедначена борба без голови, а Соучек во 52-та минута му донесе водство на Вест Хем. Грчевито го чуваше водство до крајот екипата предводена од Еспирито Санто, но Дузбери-Хол во 88-та минута погоди за израмнување на резултатот. Со тој резултат и водството на Тотенхем, Вест Хем падна во зоната за испаѓање, но во 93-та минута, на сцена стапи Калум Вилсон и по спуштената топка од Бовен на петерецот, стерелаше прецизно, за ново водство и победа на Вест Хем.

Ливерпул на „Енфилд“ дојде до победа против Кристал Палас со 3:1. Црвените од Ливерпул на полувреме заминаа со водство од 2:0, со головите на Исак во 35-та и Робертсон во 40-та минута, но и гостите од Лондон имаа свои прилики кои не ги искористија. Во вториот дел, Кристал Палас притисна, ја имаше иницијативата и во 71-та минута, го намали резултатот преку Муњоз. Конечниот резултат го постави Вирц со гол во 6-та минута од судиското продолжение.

Во првиот натпревар денес, Фулам со голот на Сесењон во 43-та минута, минимално славеше пред своите навивачи против Астон Вила.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести