Тотенхем дефинитивно реши сериозно да го одврзе ќесето во овој преоден рок, а доказ за тоа е и официјализирањето на трансферот на Матеуш Фернандеш. Младиот португалски фудбалер пристигнува во Северен Лондон од редовите на Вест Хем, а за неговите услуги „петлите“ се согласија да платат огромни 85 милиони фунти. Со ова падна досегашниот клупски рекорд за купување на нов играч, но овој рекорд ќе биде набрзо срушен, со официализирањето на трансферот на Сандро Тонали.
Талентираниот 21-годишен играч за врска, кој во својата кариера ги бранеше и боите на Саутемптон и лисабонски Спортинг, стави потпис на повеќегодишен договор со новиот тим. Ова е веќе второ капитално засилување за лондонскиот состав летово, откако претходно дефанзивната линија беше засилена со Холанѓанецот Јан Пол ван Хеке, за чии услуги на Брајтон му беа исплатени 60 милиони фунти. Предходно Тотенхем ги доденсе како слободни агенти и Едни Робертсон и Меркос Сенеси.

