Тотенхем го финализираше и вториот голем трансфер ова лето без да потроши ниту евро. По ангажманот на Енди Робертсон, нов член на „петлите“ како слободен играч стана искусниот аргентински стопер Маркос Сенеси, кој зад себе има четири успешни сезони и 128 настапи во Премиер лигата во дресот на Борнмут.
Сенеси изрази огромно задоволство што станува дел од овој проект, ветувајќи максимална борбеност на теренот во битката за нови трофеи. Новиот дефанзивец посебно го пофали и менаџерот Роберто Де Зерби, кој нагласи дека со Аргентинецот добива идеален спој на лидерство, супериорно читање на играта и одлична тактичка флексибилност во дефанзивната линија.

