Меѓународен фудбал Фудбал

Тотенхем го прескокна Вест Хем по победата над Астон Вила!

Фудбалерите на Тотенхем ја продолжија својата победничка серија и направија огромен чекор во битката за опстанок, откако славеа на тешкото гостување кај Астон Вила со 2:1. Со овој втор последователен триумф, по оној над Вулверхемптон, лондонскиот состав конечно се искачи над опасната зона и сега со 37 бода дише полесно, оставајќи го зад себе Вест Хем. Овој триумф е доказ за подигнувањето на формата во клучниот дел од сезоната, каде секој бод има тежина на злато за опстанок во англиската елита.

„Спарси“ фуриозно го започнаа натпреварот и ги решија дилемите за победникот уште во првиот дел. Зимското засилување од Атлетико Мадрид, Конор Галахер, во 12-тата минута со вистински проектил донесе водство, додека Ришарлисон во 25-тата минута зголеми на 2:0, крунисувајќи ја подобрата игра на гостите. Домаќините од Бирмингем, кои се борат за место во Лигата на шампионите, делуваа непрепознатливо и успеаја само да го ублажат поразот преку Емилијано Буендија во судиското продолжение. И покрај овој неуспех, тимот на Унаи Емери сè уште има солидна предност од шест бода пред Борнмут во трката за четвртата позиција. За Тотенхем, пак, претстојниот дуел против Лидс ќе биде нова шанса за дефинитивно бегство од дното и потврда на новиот победнички менталитет кој го наметна тимот во последните недели.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести