Меѓународен фудбал Фудбал

Тотенхем го носи Мармуш и ја пробива границата од 400 милиони евра?

Тотенхем ги отстрани и последните пречки за трансферот на Омар Мармуш од Манчестер Сити, со што се очекува да го комплетира преминот на египетскиот центарфор во Лондон. Мармуш пристигнува на позајмица со задолжителен откуп, кој лондoнскиот клуб ќе го чини 58 милиони евра, со можност за дополнителни 12 милиони евра преку разни бонуси. Египетскиот напаѓач, кој во Сити пристигна од Ајнтрахт Франкфурт каде на 51 меч постигна 28 гола и 17 асистенции, бараше поголема минутажа надвор од сенката на Ерлинг Халанд. Новиот предизвик за него ќе биде тимот на Роберто Де Зерби, каде што се очекува да го предводи нападот со оглед на тоа што Ришарлисон и Доминик Соланке не гарантираа континуитет во постигнувањето голови.

Со оваа зделка Тотенхем ќе го заокружи неверојатниот преоден рок во кој издвои повеќе од 400 милиони евра за нови засилувања, што претставува преседан за клубот кој под раководство на Даниел Леви со години важеше за еден од најштедливите во Премиер лигата. Покрај Мармуш, ова лето во Тотенхем пристигнаа и Сандро Тонали од Њукасл за 108 милиони евра, Матеус Фернандеш од Вест Хем за 99 милиони, Савињо за 87,7 милиони и Жан Пол ван Хеке за 60 милиони евра, додека како слободни играчи потпишаа Ендрју Робертсон, Маркос Сенеси и Мартин Дубравка.

Иако Тотенхем оствари значајни приходи од околу 165,5 милиони евра од продажбите на Лука Вушковиќ во Брајтон за 60 милиони, Кристијан Ромеро во Атлетико Мадрид за 40 милиони и Џед Спенс во Интер за 30 милиони евра, ова лето ќе остане запаметено по рекордното трошење на лондoнскиот клуб за комплетно реновирање на составот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.