Меѓународен фудбал Фудбал

Тотално помрачување на Селтик, ЛАСК со филмски пресврт до историска Лига на шампиони! (ВИДЕО)

Австрискиот ЛАСК приреди неверојатен подвиг во реваншот од плејофот, пласирајќи се во групната фаза од Лигата на шампионите за првпат во клупската историја по големиот триумф над Селтик со 5-1 по продолженија (вкупен резултат 5-4).

Шкотскиот гигант допатува во Линц со предност од три гола од првиот меч, а кога Калум Мекгрегор погоди во 21-вата минута за 0-1 и зголеми на вкупни 0-4, се чинеше дека патникот во елитата е веќе одреден. Сепак, австрискиот состав не се предаде. Пред паузата Мозес Усор искористи голема грешка на дефанзивецот Нигрен и намали на 1-1, најавувајќи го големиот пресврт.

Во второто полувреме следеше целосна офанзива на домашните. Роберт Љубичиќ во 48-тата минута погоди за 2-1, а Самјуел Адениран со фантастичен удар од далечина во 58-тата минута донесе 3-1. Вистинската драма го достигна врвот во 90-тата минута кога Флоријан Флекер со глава по одбиена топка реализираше за 4-1 и избори продолженија.

Апсолутен херој на вечерта беше Адениран, кој во 109-тата минута го постигна својот втор гол за 5-1 и донесе целосен триумф. Иако истиот играч пред самиот крај промаши и пенал за хет-трик, ЛАСК ја зачува предноста и стана петтиот клуб од Австрија што ќе настапи во елитното европско друштво.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.