Меѓународен фудбал Фудбал

Тотално дно за францускиот гигант: Бордо е исфрлен во шестата лига!

Еден од најпознатите француски клубови, Бордо, ги живее најтемните денови во својата историја откако Управниот суд во Париз ја потврди одлуката за негово административно префрлање во Регионал 1, односно во шестиот ранг од францускиот фудбал за сезоната 2026/27.

„Жирондинците“ се обидоа по правен пат да обезбедат место барем во четвртата лига, но судот ја одби нивната жалба. Ниту новиот сопственик, инвестицискиот фонд „Спарта Капитал“, кој го презеде клубот од Жерар Лопез за едно евро, не успеа да ги увери надлежните институции со понудениот финансиски пакет од 10,6 милиони евра. Клубот кој веќе го загуби професионалниот статус сега се соочува и со реална опасност од целосна ликвидација доколку застане финансирањето од новите сопственици.

Овој поразителен исход е речиси нереален ако се има предвид дека Бордо е шесткратен шампион на Франција и клуб за кој настапуваа фудбалски величини како Зидан, Лизаразу и  Дигари. Последната шампионска титула „жирондинците“ ја освоија во 2009 година предводени од Лоран Блан, а денес, наместо европски ноќи и борба за трофеи, еден од најголемите клубови во земјата е принуден да го започне својот макотрпен пат назад од аматерското дно.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.