Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Тортура во САД: Иранските фудбалери ги бркаат во Мексико по секој меч!

Светското првенство треба да биде голем фудбалски празник, но за репрезентацијата на Иран престојот на американско тло се претвори во жив кошмар. По ремито од 2-2 против Нов Зеланд, иранските фудбалери и стручниот штаб решија јавно да проговорат за нехуманиот третман и огромниот притисок што го трпат од американските власти, нарекувајќи ја целата ситуација чиста катастрофа.

Наместо да бидат сместени во соседната сојузна држава Аризона како што беше првично планирано, локалните власти им дозволија влез во САД само на денот кога играат натпревари. Тоа значи дека веднаш по завршувањето на мечот во Лос Анџелес, Иранците мораа експресно да ја напуштат земјата и со автобус да се вратат назад во мексиканскиот град Тихуана, каде што мораа принудно да ја сместат својата база. Првата ѕвезда на тимот, Мехди Тареми, изјави дека тимот е преморен, дека трпат огромен стрес и дека немаат никакво време за тренинзи и нормално закрепнување. Како капак на сè, околу десетина членови на иранската делегација воопшто не добија американски визи за да влезат во земјата.

Ваквите проблеми беа донекаде очекувани, со оглед на тоа што американскиот претседател Доналд Трамп уште пред почетокот на турнирот отворено му порача на Иран дека е најпаметно воопшто да не доаѓаат поради сопствената безбедност. Покрај строгите гранични рестрикции, Иранците се соочија и со политички притисок од сопствената дијаспора во САД. Група демонстранти протестираа пред нивниот хотел и ги нарекуваа играчите „терористи“, иако на самиот стадион повеќето навивачи сепак застанаа зад фудбалерите.

Селекторот Амир Галенои по натпреварот луто искоментира дека неговиот тим е најмногу угнетуван на ова Светско првенство бидејќи некој друг однапред им ги крои плановите и им поставува сопки на секој чекор. Првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, ги посети во соблекувалната со зборовите дека се посилни од сè и дека праќаат моќна порака до светот, но во исто време службениците на светската куќа на фудбалот упорно се обидуваа да ги скратат изјавите на иранските играчи кои сакаа да ја кажат вистината пред медиумите.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.