Кошарка Меѓународна кошарка

Торонто израмни против Кливленд

Торонто Рапторс во еден тежок и неизвесен натпревар во Канада, дојде до втората победа против Кливленд со 93:89 и израмни на 2-2 во серијата. Домашните кошаркари беа посмирени и посконцентрирани во финишот на натпреварот и дојдоа до победата. Не беа на потребното шутерско ниво и двете екипи, па бевме сведоци на доста неефикасни напади на двете страни и слаби индивидуални партии на играчите.

Во тимот на Кливленд најпрецизен беше Донован Мичел со 20 поени, но со слаба реализација од игра (6/24), додека кај победникот, по 23 поени постигнаа Скоти Барнс (6/15) и Брендон Инграм (6/23) кои исто така имаа слаба реализација од игра.

Торонто целосно се врати во серијата и израмни на 2-2 и со поголема самодоверба ќе патува на следните две гостувања кај Кливленд.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести