Меѓународен фудбал Фудбал

Торес откри емотивни моменти по освојувањето на Светското првенство!

Шпанскиот репрезентативец Феран Торес откри дека и покрај огромната радост по освојувањето на Светското првенство, имал и емотивно тешки моменти за време на престојот во САД. Напаѓачот призна дека најмногу му недостигале неговите кучиња, поради што имало моменти кога тагувал и плачел сам во кревет.

„Моите кучиња ми недостигаа цело време. Пријател ми испраќаше видеа од нив за да ми ги разубави деновите, но имаше моменти кога тагата ме совладуваше. Се случуваше да плачам во кревет“, откри Торес.

Фудбалерот зборуваше и за важноста на менталното здравје, откривајќи дека редовно разговара со терапевт, кој му помогнал да се справи со тежок период по трансферот од Манчестер Сити во Барселона.

„Мислам дека човек треба да зборува за своите чувства. Треба да бидеш силен во главата исто колку и во телото“, порача Торес.

Шпанецот воедно истакна дека и покрај светската титула и огромното внимание, сака да остане приземјен и близок со своите најблиски. Во меѓувреме, неговата клупска иднина е решена – Торес го напушти Барселона и кариерата ќе ја продолжи во ПСЖ, кој за неговиот трансфер плати 50 милиони евра.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.