Боречки спортови Други спортови

Топурија заработил двојна скршеница на лицето и ја заврши 2026 година!

Илија Топурија не само што ја загуби УФЦ титулата од Џастин Гејџи, туку заработи и тешка повреда поради која дефинитивно нема да се врати во октагонот до крајот на 2026 година, пренесува шпанскиот весник „Марка“. Популарниот „Ел Матадор“ се здоби со двојна скршеница на орбиталната коска на главата, при што десното око му е многу повеќе погодено од левото. За среќа, прегледите покажаа дека нема дислокација на коската, па борецот веќе ја напушти болницата во Вашингтон и нема да мора да оди на операција, но го чека долга и напорна рехабилитација во домашни услови.

И покрај тешкиот пораз, Топурија покажа спортски дух и преку социјалните мрежи му ја честиташе титулата на својот противник. Тој отворено призна дека Гејџи завршил одлична работа на неговото лице, откривајќи дека му го затворил десното око уште во првата рунда, а до крајот на втората веќе не гледал ниту со левото око. Поранешниот шампион истакна дека нема никакви изговори бидејќи зад себе го имал најдобриот тренинг-камп во животот, но порача дека славата и болката одат рака под рака. На крајот, Топурија вети дека ќе се врати многу посилен и помудар, нагласувајќи дека нивната приказна не е завршена и дека реваншот со Гејџи е неизбежен.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.