Меѓународен ракомет Ракомет

Топовски удари, никаде полиција и службена титула: РК Партизан е шампион по невиден ракометен срам!

Српското ракометно финале заврши со незапаметен скандал и службена титула за Партизан, откако мечот против Војводина беше прекинат по само 15 минути игра (при резултат 6-5 за гостите) поради уфрлање на топовски удари на теренот.

Паузата траеше повеќе од еден час бидејќи група од околу 100 навивачи на Партизан одбиваше да ја напушти салата, а шокантно беше што во објектот немаше никаква полиција или обезбедување за да воспостави ред. Додека неутралната публика и семејствата на ракометарите во паника си заминаа дома, тимот на Војводина одби да се врати на паркетот во такви небезбедни услови. На крајот, судиите го означија крајот, па „црно-белите“ службено ја одбранија шампионската круна.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.