Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, денеска беше специјален гостин во Фудбалската федерација на Македонија. Чеферин, изрази силна поддршка кон нашата федерација за се што е спроведено во ФФМ во изминатата година, силните реформи во повеќе сегменти, како структурни така и организациски.
Тој заедно со претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, разменија вредни информации за состојбите во фудбалот во Македонија и регионот и отворено разговараа за клучни теми. Оваа поддршка и разбирање од УЕФА е силен поттик за развој на македонскиот фудбал на највисоко можно ниво.
View this post on Instagram

