Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Топ 10 најмали држави кои некогаш се пласирале на Светско првенство

Пласманот на Светското првенство е чиста рутина за фудбалските гиганти. За малите нации тоа претставува огромна радост и остварување на сонот. Додека најнаселените земји во светот ретко успеваат да се квалификуваат, овие мали држави направија вистински чуда. Ги издвојуваме десетте најмали нации според бројот на жители во моментот на нивниот историски успех.

10. Словенија (1,9 милиони жители)
Словенија на почетокот на милениумот ја шокираше Романија во баражот. Така Словенија обезбеди историско учество на Мундијалот во 2002 година, во Јужна Кореа и Јапонија. Словенците потоа уште еднаш успеаја да ситгнат до Мундијалот, во 2010-та година, во Јужна Африка.

9. Обединети Арапски Емирати (1,9 милиони)
Оваа земја дебитираше во Италија во 1990 година. Тие стигнаа на големата сцена пред азиските гиганти како Јапонија.

8. Уругвај (1,9 милиони)
Уругвајците уште на првиот турнир во 1930 година покажаа моќ. Земјата стана првиот светски првак во фудбалската историја.

7. Кувајт (1,5 милиони)
Проширениот формат во 1982 година им овозможи деби во Шпанија. Нивниот претставник остана запаметен по влегувањето на теренот против Франција.

6. Северна Ирска (1,4 милиони)
Својата најголема трага ја оставија во далечната 1958 година. Тогаш оваа борбена селекција стигна дури до мундијалското четвртфинале.

5. Тринидад и Тобаго (1,3 милиони)
На нивното единствено појавување во 2006 година направија сензација. Карипската земја успеа да ја сопре моќната Шведска со реми без голови.

4. Парагвај (860.000)
На првиот Мундијал во 1930 година оваа земја броеше под милион луѓе. Тоа не ги спречи да ја победат сината Белгија.

3. Зеленортски Острови (528.000)
Оваа островска африканска држава го шокираше моќниот Камерун. Со тој голем триумф летово за првпат ќе играат на Светско првенство.

2. Исланд (340.000)
По одличниот настап на ЕП 2016, „рибарите“ продолжија да воодушевуваат. Веднаш потоа успеаја да изборат виза и за Мундијалот во Русија.

1. Курасао (185.000)
Малиот карипски остров предводен од Дик Адвокат направи вистинско чудо. Тие се најмалата земја во историјата што ќе настапи на претстојниот шампионат.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.