Легендарниот германски фудбалер Томас Милер испрати јасна порака до јавноста во својата татковина да ги намали нереалните очекувања од националниот тим на Светското првенство. Освојувачот на мундијалското злато од 2014 година смета дека Германците мора да бидат многу поскромни во своите амбиции.
„Како голема фудбалска нација, нормално е да имаме одредени очекувања. Но, погрешно е веднаш да се бара од тимот да типува на трофејот уште од самиот старт. Прво треба да се избори пласман во елиминациите, да се анализира играта, а не само резултатот. Премногу се зборува за финалето, а се заборава на патот кој мора да се изоди“, изјави Милер на настан во Њујорк.
Иако „панцерите“ го започнаа Мундијалот со убедливи 7:1 против Курасао, а следниот предизвик им е Брегот на Слоновата Коска, Милер повлече паралела со минатото. Тој смета дека сегашниот состав најмногу потсетува на генерацијата од 2010 година, која играше моќен фудбал, но на крајот заврши како трета во светот.
Поранешниот ас на Бајерн, кој по Евро 2024 се збогува со репрезентативниот дрес, а кариерата ја продолжува во Ванкувер, потенцира дека Германија има квалитет да го победи секој ривал, но дека притисокот за задолжителна титула во моментов е целосно непотребен.

