Том Аспинал, актуелниот УФЦ шампион во тешка категорија, после повеќе од пет месеци од операцијата на очите, се врати назад на тренинзите.
Тој откри дека, обемот на тренинзите е прилагоден на ситуацијата и дека сеуште чека да му се опорави целосно видот.
32-годишниот борец од Англија, во својата кариера во ММА има скор од 15 победи, 3 порази и една борба без одлука.
Да потсетиме, Том Аспинал ја заработи оваа повреда во борбата против Сирил Гане, на УФЦ 321 настанот, во Абу Даби, кога со еден неконтролиран и недозволен потег, французинот го погоди шампионот во очи.

