Кошарка Меѓународна кошарка

Тинејџерот Флег влезе во историјата на НБА, Бостон рутински против Милвоки

Вечерва повторно е испишана историја во НБА лигата. Тинејџерот Купер Флег, кој игра одлична сезона, постави неверојатен рекорд. Тој со само 19 години и 103 денови, во поразот на својот Далас против Орландо (127-138), постигна дури 51 поен и со тоа страна најмладиот играч во историјата на НБА лигата кој постигнал повеќе од 50 поени.

Флег игра одлична руки сезона и во 64 натпревари просечно бележи по 20 поени, 6 скокови и 4 асистенции.

Предходно овој рекорд го држеше Брендон Џенинг со 20 години и 52 денови.

На истокот, Бостон рутински славеше на гостувањето кај Милвоки (101-133) и се зацврсти на втората позиција на табелата. Најефикасен на натпреварот беше Браун со 26 поени, додека Тејтум беше втор со 23 поени. Кај домаќинот Принс постигна 18 поени.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести