Според пишувањата на угледниот француски весник „Ле Паризиен“, француските власти уапсиле 18-годишник за кого постои основано сомнение дека подготвувал серија упади и грабнувања во домовите на повеќе јавни личности, а меѓу главните мети се наоѓало и името на Килијан Мбапе.
Осомничениот и неговите соучесници таргетирале дури 26 адреси на кои живеат познати бизнисмени, еден француски рапер и фудбалската суперѕвезда. Младиот заговорник бил лоциран во Нантер и веднаш ставен во строга изолација, додека истрагата продолжува со цел да се откријат сите детали и евентуални помагачи. Истражителите откриваат дека 18-годишникот веќе се наоѓал во затвор за друг случај, од каде што зад решетки ги координирал планските активности. Неговата мрежа била целосно демаскирана откако единицата за борба против организираниот криминал, истражувајќи грабеж на часовничар, успеала да ги поврзе сите траги.
Засега нема официјална потврда дали имало конкретен обид за упад кај Мбапе или сè останало на ниво на подготовка и собирање информации. Сепак, присуството на името на најпознатиот француски фудбалер на списокот со мети предизвика голема загриженост во Франција.

