Тиквеш продолжува со формирањето на тимот за новата сезона и официјално го промовираше младиот офанзивец Мухамед Елмас како ново засилување. 20-годишниот фудбалер за врска пристигнува во Кавадарци од редовите на Македонија Ѓорче Петров, каде што настапуваше изминатиот период.
Станува збор за разноврсен левоног фудбалер кој примарно игра како офанзивен играч за врска, но успешно може да покрие и на десната крилна позиција. Покрај за тимот од Ѓорче Петров, Елмас во својата кариера ги бранеше и боите на Работнички и Гостивар, а има забележано и настапи за младата репрезентација на Македонија до 21 година.
Младиот фудбалер, кој е иначе братучед на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, се очекува да донесе дополнителна свежина и креативност во нападот на кавадарчани за претстојните предизвици.

