Она што му се случи на тимот на Тиквеш на дуелот против Силекс на домашен терен во поразот од 0:3, повеќе не смее да се повтори. Кавадарчани премногу напредуваа на играчки и резултатски план пролетва и посакуваат да се вратат на патеките на успехот и да почнат нова победничка серија.
Токму затоа, Тиквеш денеска со рестартирани амбиции и мотиви заминува во Струга, каде што со домашниот тим ќе го одигра дуелот од актуелното 27. Коло.
Натпреварот почнува во 15:30 часот, а гостите имаат задача да одиграат на потребното ниво како и да освојат бодови кои дополнително ќе ја подобрат ситуацијата на табелата.

После поразот од Пелистер, Шкендија се врати на победничките патеки совладувајќи го тимот на Работнички со 3-0, и доближувајќи му се на првопласираниот Вардар на само еден бод разлика. Денеска тетовските „црвено-црни“ за противник го имаат последнопласираниот тим на Шкупи на домашен терен, и се очекува лесен триумф во трката за првото место на крајот од сезоната.
Од таборот на Шкендија се свесни за ситуацијата во која се наоѓа нивниот противник, но велат дека простор за потценување нема, и дека до крајот на првенството на секој меч ќе одат на победа, без разлика кој им е противник.

