Кошарка Меѓународна кошарка

Ти Џеј Шортс е нов кошаркар на Валенсија!

Ти Џеј Шортс се сели во Шпанија и официјално е нов член на Валенсија. Шпанскиот шампион соопшти дека соработката со американскиот бек е потпишана со важност до 2028 година. Кошаркарските експерти сметаат дека системот на игра на шпанскиот гигант идеално ќе му одговара, за разлика од претходната сезона помината во Панатинаикос каде што немаше целосна слобода.

Во јавноста веќе почнаа шпекулации дека Валенсија работи и на ангажман на Надир Хифи. Со тоа, во Шпанија повторно би се споил моќниот бековски тандем кој во 2025 година го предводеше Париз до историскиот плеј-оф во Евролигата, каде што во четвртфиналето беа сопрени од Фенербахче.

По освојувањето на шампионската титула, Валенсија прави радикални промени во ростерот за новата сезона. Клубот веќе го напуштија Жан Монтеро, Бранку Бадио и Даријус Томпсон. Сериозна промена има и во стручниот штаб. По заминувањето на трофејниот Педро Мартинез, нов шеф на екипата е неговиот досегашен помошник Чави Алберт.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.