Кошарка Македонска кошарка Меѓународна кошарка

ТФТ загуби убедливо на гостувањето кај Херцеговац

Кошаркарите на ТФТ Скопје претрпеа убедлив пораз од Херцеговац со 107-82 во натпреварот од второто коло во АБА2 лигата. Македонскиот претставник немаше решение за расположениот домаќин, кој уште во првото полувреме направи голема разлика. Херцеговац на паузата замина со предност од 58-37, односно плус 21 поен, па во продолжението без поголеми проблеми ја контролираше играта. ТФТ се обиде да се врати во натпреварот, но немаше сили да избегне убедлив пораз.

Секој Сила со 15 поени беше најефикасен кај скопскиот тим, додека Страхил Николов додаде 13. Кај победничката екипа Рашун Дејвис се истакна со 17 поени. За ТФТ ова е втор пораз во групата Б, а следниот натпревар во АБА2 лигата ќе го одигра против Подгорица на 9 декември.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.