Екипата на ТФТ со доминантна игра пред својата публика, славеше убедлива победа во вториот натпревар против Сутјеска со 90:77 и се пласираше во финалето на АБА 2 лигата.
Гостите беа конкурентни само по почетните минути од натпреварот, а потоа избраниците на Боро Смилковски ставија во повисока брзина, па селедуваше целосна доминација и игра на високо ниво до крајот на натпреварот.
Во финалето на АБА 2 лигата, ТФТ за противник ќе ја има екипата на Широки Брег. Победникот ќе се пласира директно во АБА лигата, а поразената екипа ќе игра бараж дуел со претпоследно пласираната екипа од елитното регионално натпреварување.
Стенли Дејвис Џуниор беше предводник на екипата на ТФТ со 23 поени, а Виктор Ташовски го следеше со 19 поени. Кај гостите напрецизен беше Кристофер Мартин со 22 поени.

