Кошарка Македонска кошарка

ТФТ се намачи против Маџари, но сепак дојде до победата

Екипата на ТФТ во еден неизвесен и израмнет дуел, дојде до битна победа против Маџари со 85:82. Гостите подобро го започнаа натпреварот и водеа во поголемиот дел од првото полувреме, но сепак ТФТ го сврте резултатот во своја корист и на полувреме замина со предност 45:43. Во второто полувреме домашната екипа беше за нијанса подобра и ја чуваше предноста се до конечната победа.

Во редовите на ТФТ одличен беше Ташовски со 32 поени, додека кај Маџари Левис постигна 19 поени.

ТФТ останува на првата позиција, пред МЗТ Скопје на втората позиција, а ги следат Пелистер и Маџари.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести